Македонија
24. May 2020 - 18:02

Манчевски: Изборите треба да се одржат на начин на кој ќе се заштити здравјето на граѓаните

Се подготвуваме за нова лидерска средба, за тоа кога ќе се одржат изборите, кажа министерот за информатичко оптество и администрација, Димитар Манчевски во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.

- Кога и да се одржат имепративот е да се одржат на начин кој ќе се заштити здравјето на граѓаните. Ќе мора да се одржуваат под посебни протоколи и под посебни услови. Изборите најдобро е да се случат со консензус. Очекувам да се случат лидерски средби и сигурно до крајот на вонредната состојба уште една лидерска средба и тоа ќе значи дека ќе успееме да се договориме. Ако не се продолжи вонредната состојба законот е јасен, роковите продолжуваат да течат. Мислам дека немаме многу време за премногу разговори и договори. Не треба многу да се губи време за да се разговара околу датум. Кога и да се одвиваат изборите, повторно ќе е тука пандемијата ќе го имаме вирусот. За жал сите најави велат дека на есен ќе имаме повторно зголемување на бројот на заразени и апсолутно сметам дека не смееме да ризикуваме - кажа Манчевски.