Живот
7. October 2016 - 20:49

Mанекенка поради тампон, останала без нога!

На Лорен Васер животот целосно ѝ се променил кога доживеала токсичен шок. Оваа манекенка била заштитно лице на многу брендови и красела многу насловни страници, сè додека не доживеала токсичен шок од користење на тампони.
 
Оваа манекенка била заштитно лице на многу брендови и красела многу насловни страници, сè додека не доживеала токсичен шок од користење на тампони. Почнало така што Лорен се чувствувала лошо, како да ќе добие грип. Носела тампон од и знаела за правилото дека тампонот треба да се промени на секои 3­4 часа, што го направила еден ден пред да заврши во болница.
 
Следното на што се сеќава е дека на вратата од станот ѝ тропал полицаец кој дошол да провери дали е сè во ред, на повик од нејзината другарка која се загрижила затоа што Лорен не се јавува.
 
Таа била одведена во болница со висока температура, внатрешните органи почнале да и’ откажуваат и доживеала силен срцев удар. Лекарите не можеле да утврдат што се случува додека не дошол инфектолог кој веднаш прашал дали таа носи тампон.
 
Подоцна, лабораториската анализа покажала дека станува збор за синдром токсичен шок. За жал, тоа предизвикало гангрена и Лорен останала без десната нога под колено, а дала сè од себе за да не остане и без левата, на која на крајот ги изгубила прстите, но ѝ трансплатирале кожа од стапалото и денес нормално ја користи.
 
-Сакав да се самоубијам кога ми се случи сето тоа, рекла Лорен.
 
Важно е да се напомене дека нема самиот тампон да ја предизвика наведената состојба, туку личноста во телото мора да има присутна бактерија стафилокока (а, околу 20% од популацијата ја имаат). Со оглед на тоа што сè повеќе познати производители на тампони користат синтетички материјали за изработка на тампони, бактериите „цветаат” во такво окружување и постои поголема шанса за развој на токсичен шок.
 
Уште додека нејзината ќерка била во болница, мајката на Лорен подигнала тужба против производителите на тампони со желба да укаже на штетноста од користење на синтетички материјали во тампоните. Тужбата тврди дека на девојките и жените намерно не им се укажува на штетноста од тампоните и дека производителите не сакаат да користат природни материјали, пишува Daily Mail.