Бизнис
5. December 2015 - 9:21

Манифестација „Ден на органско производство“

„Јас бирам здравје, а ти?“ е слоганот на 9-тата манифестација „Ден на органско производство“, што ќе се одржи денеска  во Скопје сити мол во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Федерацијата на производители на органски производи во Македонија. 

На манифестацијата ќе се претстават органски производители, а за бенефитите од овие производи ќе зборуваат претставници на надлежните институции.  

Целта е да се поттикнат граѓаните да размислат какви производи конзумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје. 

- Со зголемување на свеста на потрошувачите за потребата од здрава исхрана расте и свеста на луѓето за консумација на органски производи кои всушност се квалитетни и безбедни производи добиени од одржливо земјоделско производство. РМ ги следи современите светски текови и органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството, соопштуваат организаторите на манифестацијата.