Марадона погребан покрај неговите родители во присуство на само 200 луѓе
Поранешниот аргентински фудбалер и тренер Диего Марадона е погребан на гробишта во близина на Буенос Аирес. Марадона е погребан на приватните гробишта „Бела Виста“ до неговите родители. На погребната церемонија учествуваа само роднините и пријателите на Марадона.
Претходно за време на церемонијата на збогување во Буенос Аирес, избувнаа немири. Настанот, кој се случи во претседателската палата во аргентинската престолнина, мораше да биде прекинат.
Поранешниот фудбалер, светски шампион 1986 година почина на 25 ноември. Аргентинските власти објавија тридневна жалост на национално ниво – националните знамиња ќе бидат спуштени и нема да има забавни програми на телевизија.
Марадона во својата кариера играше за Бока јуниорс, Барселона и Наполи. Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година.
Во 1986 година, играјќи за националниот тим го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Беше прогласен за најдобар фудбалер на тој Мундијал.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година