Македонија
27. February 2020 - 10:47

Маркетите низ државава испразнети, еве кои намирници веднаш ги снема

По регистрирањето на првиот случај со коронавирус во земјава, македонските граѓани ги испразнија рафтовите со брашно, зејтин и конзерви во супермаркетите. Некои се спремаат за армагедон, други, пак, се шегуваат дека уште имаат залихи месен нарезок од бомбардирањето на Србија во 1999. Дел од граѓаните очигледно се спремаат за самонаметнат карантин. Може да излезат од дома дури налето.