Фудбал
28. January 2018 - 10:23

Мароко и Судан полуфиналисти на Африканскиот Куп на Нации

 
 
Селекциите на Мароко и Судан обезбедија пласман во полуфиналето на Африканскиот фудбалски Куп на Нации. 
 
На шампионатот што се одржува во Мароко, домаѓната селекција во четвртфиналето со 2-0 ја со победи репрезентацијата на Намибија. 
 
Стрелци на головите за домаќините беа Ајуб Ел Каби во 36-тата и Салах Едине Саиди во 55-тата минута. 
 
Мароко во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Конго и Либија. 
 
Судан место меѓу четирите најдобри обезбеди благодарение на голот на Саифедин Бакхид во 32.минута, со кој счавеше минималната победата со 1-0 во дуелот против Замбија. 
 
Противник на Судан во полуфиналето закажано за 31 јануари ќе биде подобрата селекција од последната четвртфинална пресметка во која вечерва ќе играат Нигерија и Ангола