Свет
27. January 2017 - 17:50

Мароко: Уапсени се седум припадници на ИД

Мароканските власти уапсиле седум лица осомничени за врски со Исламската држава (ИД) и при тоа заплениле оружје и појаси со експлозив, какви што користат бомбашите-самоубијци. 

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Мароко е стои дека оваа група била поврзана со командантите на ИД во Сирија, Ирак и Либија, и дека имала засолниште во крајбрежниот град Ел Џадида. 

Наведено е дека при рацијата во Ел Џадида и другите марокански градови заплената е офанзивна пушка, седум пиштоли, муниција и материјал за правење бомби, како и два појаси со експлозив.