Живот
22. September 2018 - 20:30

Марта Колт има четири деца, а татко им е родениот брат: Полицијата упадна во легло на инцест и затекна ужасни сцени

Марта и Чарли Колт живееле заедно со своите четири деца во Грифит во Австралија, кога се уапсени во април годинава.

Братот и сестрата се најдоа во центарот на инцестоиден скандал. Тие се уапсени со уште осум роднини во нехигиенски животни услови.

Генетските тестови покажаа дека единаесет од 12 деца, кои спиеле во приправени куќички без вода и струја, виле од родители меѓу кои постоело крвно сродство.

Децата на возраст од пет до 12 години не умееле течно да зборуваат и поседувале деформитети поврзани со инцестоидно мешање на гените.

Потврдено е дека братот и сестрата, Марта (38) и Чарли (45) делеле постела кога се уапсени.

Марта е уапсена за инцест, а Чарли за повеќе од 10 кривични дела, вклучувајќи и шест обвиненија за сексуален однос со дете под 10 години.

Полицијата соопшти дека четири од петте деца на Марта, на возраст меѓу 11 и 12 години, се родени од однос каде родителите се во блиска крвна врска, најверојатно брат и сестра, пренесуваат локалните медиуми.

Судот побара дополнителни ДНК испитувања на членовите на семејството, пред да започне судењето.

Децата не знаеле да користат тоалетна хартија, четкика за заби, ниту туш и имале проблем со мокрење во кревет и со слухот. Тие не оделе во училиште, ги мачеле животните и имале односи со роднините, вујковците и тетките.

 
Кланот „Колт“ од 38 членови е пронајден во камп приколки, шупи и шатори на југот на државата во средината на 2012 година, по што во училишниот двор некој слушнал разговор за секс во семејството.