-->
-->
Мастерс Лондон: Ѓоковиќ избори полуфинале со Надал
-->
Новак Ѓоковиќ покрај Роџер Федерер, од групата „Стен Смит“, обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.
На бранителот на титулата му беше потребен еден сет во дуелот со Томаш Бердих, но тој успеа да победи со 6:3, 7:5.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал кој на коло до крајот го обезбеди првото место во групата „Илие Настасе“. Србинот и Шпанецот досега одиграле 45 меѓусебни дуели, Надал има една победа повеќе.
Федерер кој победи на трите мечеви во групата „Стен Смит“, за противник во полуфиналето ќе го има победникот од мечот помеѓу Енди Мари и Стан Вавринка, кој на програмата е в петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак