Тенис
18. November 2015 - 18:19

Мастерс: Надал пресилен за Мареј

Рафаел Надал ја постигна втората победа во групата „Илие Настасе“ на Мастерсот што се игра во Лондон. Тој денеска попладне го победи Енди Мареј со 2:0 во сетови и на противникот му препушти само пет гема. Надал првиот сет го доби со 6:4, а во вториот Мареј освои само еден гем.

Со овој триумф Надал е чекор поблиску до пласман во полуфиналето. Доколку Стан Вавринка во вториот меч од 2.коло од оваа група вечерва го победи Давид Ферер, Надал ќе го има обезбедено полуфиналето.
Со оваа победа тој му се реваншираше на Мареј за поразот во финалето на Мастерсот 1000 во Мадрид.
Дуелот Вавринка - Ферер почнува во 21 часот.