Македонија
18. May 2020 - 16:56

Матичните реагираат зошто не се на листата медицински лица за награди во борбата против Ковид-19

По најавите за награда 2 месеци по 20 проценти поголема плата за здравствените работници кои се најизложени во борбата со Ковид-19 реагираа матичните лекари зошто се изоставени од одлуката. Од здружението на приватни лекари велат дека не бараат дополнителни пари, туку редовна исплата на капитацијата која сега им доцни 67 дена.

- Последната исплатена е за месец февруари, а во јавното здравство е исплатена и за април, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛ.

Матичните лекари тврдат дека овој период се изложени на дополнителни трошоци зошто сами си купувале заштитна опрема.

- Сами си купуваме опрема за заштита, маски и дезифициенци, поставиле плегсиглас на пунктовите кај медицинските сестри, ракавица и УВ ламби и се’ што било потребно за нивна и заштита на пациентите, рече д-р Чолакова Дервишова.

Со одлуката на Владата награда ќе добие медицинскиот персонал од Инфективната клиника и останатите инфективни одделенија, вработените во Институтот и Центрите за јавно здравје како и сите членови на тимовите од Итната медицинска помош.

Од министерството за здравство попладнево соопштија дека во тек е допрецизирање на целиот процес.

-Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Оваа мерка пред се е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен, информираа од МЗ.