Македонија
16. August 2019 - 17:16

Маж нападнат во казино во Скопје

Маж бил нападнат во казино во Скопје, информира МВР. Вчера во 00:25 часот во СВР Скопје 30-годишниот П.С. од Скопје пријавил дека во казино лоцирано на булеварот „Јане Сандански“ по претходна расправија бил физички нападнат од 30-годишниот Б.П. од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.