Македонија
24. May 2023 - 17:56

Маж пронајден починат во неговиот дом во Аеродром

Во стан на подрачјето на Аеродром, во Скопје, синоќа бил пронајден починат З.Ц.(62).

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен во 00.19 часот во СВР Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.