Македонија
16. March 2020 - 15:20

Маж тешко повреден додека извршувал градежни работи на куќа во Скопје

Вчера во 12.46 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен А.Н.(33) од с.Бардовци, скопско, кој се повредил со остар предмет додека вршел градежни работи во својата куќа, на ул.„2“ во с.Бардовци. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.