Живот
9. јуни 2023 - 13:11

Мечка спасува мече од реката Пена кај Бродец | ВИДЕО

На фејсбук страната на селото Бродец, тетовско, беше објавено видео од мечка како скока во брзите води на реката Пена за да спаси мече.

Видеото е направено на само стотина метри од селото покрај кое поминува оваа река. Мечката прво ја поминува реката од едната, а потоа и од другата страна во потрага по мечето, а потоа скока во неа за да го спаси.