Фудбал
9. December 2020 - 9:55

Мечот ПСЖ - Башакшехир беше прекинат поради расистички навреди од судијата

Мечот во Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Башакшехир и Парис Сен Жермен вчера беше прекинат откако четвртиот судија, Себастијан Колтеску му сугерирал на главниот судија да го исклучи помошниот тренер на турскиот тим Пјер Вебо со зборовите „Исклучи го црниот“.

Откако сите играчи почнаа да се бунат за речникот на судијата, одлучено беше средбата да се прекине, а ќе се доигра денеска од 18.55 часот, но со судии од Холандија.

Инаку ова не е прв инцидент на романскиот судија кој е стандарден во романската лига од 2008 година па наваму, а суди мал број на европски натпревари.

Тој пред 5 години поништи три гола на Стеауа Букурешт во меч против Астра, а во 2013-тата година има покажано дури 6 црвени картони на еден меч.