Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
Вината на Монтеко го освојуваат светот. На најпрестижниот и највлијателен вински натпревар Декантер, 7 медали добија сите 7 вина од оваа винарија, која е е присутна на пазарот само една година.
Во конкуренција на илјадници вина од 57 земји, сребрен медал освоија црвените вина Вранец, Мерло и Неро, додека бронзен црвените Филип и Кабарне совињон и белите Темјаника и Шардоне.
Конкуренцијата на овој натпревар е екстремно силна, а критериумите за оценување - ригорозни
– Декантер е најголемиот вински натпревар во светот, каде доаѓаат светски експерти за да ги пронајдат најдобрите вина. Судиите се навистина меѓународни, доаѓаат од секој крај на светот. Влегуваш во соба и и тоа е како да ја гледаш целата екипа на светот на виното. Едноставно ве изненадува, изјави Шеин Џонс, вински судија на DWWA
- Одговорноста во оценување на вината е голема, затоа што производителите вложиле многу труд, изјави вински судија на DWWA Ними Малхотра
Лозовите насади на винарија Монтеко се наоѓаат во близина на Кратово, на околу 600 метри надморска височина. Токму локацијата на планински терен, каде има чист воздух цела година, многу сончеви денови и умерена клима, му овозможува бавно зреење на грозјето и специфична арома. Дополнително, вулканската почва на која се засадени насадите му дава специфична арома и интензивен вкус. Сетоа ова допринесува Кратово да се вброи во винската мапа на светот.
- Златен медал на Декантер буквално може да го смени животот на еден производител. Замислете производител кој никогаш не учествувал на натпревар и добива златен медал, кој му отвора светска сцена. Кога има налепница Декантер на шишето навистина значи многу, изјави вински судија на DWWA
Пред само неколку месеци вината на Монтеко освоија 6 медали на Меѓународниот вински предизвик, со што оваа винарија станува препознатлив бренд на меѓународниот пазар.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар