„Медена земја“ од денеска во француските киносали
Документарниот филм „Медена земја“ на Љубомир Костов и Тамара Котевска од денеска се прикажува во француските киносали.
„Медена земја“ продолжува со освојувањето на публиката во светот, по номинацијата за оскарите. Филмот од денеска се прикажува во француските киносали, што претставува вистинска реткост за еден документарен филм, со што се дава дополнително значење за самиот квалитет на филмот.
„Медена земја“ и Атиџе ќе бидат откриени од француската публика, но претходно францускиот печат и филмските критичари имаа можност добро да се запознаат со нив. Францускиот печат е едногласен во своите критики – сите се позитивни и со големи пофалби за оваа „ода за природата и едноставниот живот, колку и да е тој тежок“.
Двајцата македонски режисери, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како што пишува денешен „Либерасион“, изразија желба „приказната за Атиџе да може да предизвика кај луѓето да го сменат своето гледиште, да ги потсетат на она што веќе го знаат за односот помеѓу природата и човештвото“ и целиот филм беше насочен во таа насока.
Излегувањето на филмот „Медена земја“ во Франција е прилика за организирање на дебати, како таа предвидена вечерва во киното Стар во Стразбур, под покровителство на амабасадорот на Република Северна Македонија во Франција Јадранка Чаушевска-Димов, организирана од здружение „Асапистра“ на пчеларите од Алзас, и на здружението на пријателство Алзас Македонија (АЛМА).
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата