Loading Video...
Тенис
19. February 2021 - 14:42

Медведев противник на Ѓоковиќ во финалето на АО

Данил Медведев ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во финалето на првиот овогодишен Грен слем турнир Австралија Опен.
 
Русинот, Медведев во вториот меч од полуфиналето во три сета го победи Гркот,  Стефанос Циципас со 6-4, 6-2 и 7-5 со што избори место за финалето. 
 
Во него четврто рангираниот тенисер во Мелбурн, за противник ќе го има осумкатниот победник на Австралија Опен и светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ. 
 
Во женското финале закажано за утре ќе играат Јапонката, Наоми Осака и Американката, Џенифер Бреједи.