Меган повторно бременa, девојчето ќе се вика Дајана
Седум месеци откако го роди своето прво дете, Меган Маркл е повторно бремена и чека девојче. Гласините за тоа започнаа откако Меган на почетокот од месецов е снимена во јавност како се држи за стомак, а бидејќи тоа го правеше постојано додека беше бремена со синот Арчи, јавноста заклучи дека тоа може да значи само едно.
Според пишувањето на магазинот ОК!, Меган е трудна околу 4 месеци и чека девојче.
Странските медиуми тврдат дека британската кралица веста ја дочекала со воодушевување и е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за нов член.
Отсекогаш велеа дека би сакале да имаат две деца со мала разлика во годините. Кога Меган дозна дека го чека второ дете, само неколку месеци откако го роди Арчи, таа и Хари беа вон себе од среќа. Хари веќе го одбра името Дајана, по неговата покојна мајка. Меган сосема се сложи со тоа бидејќи знае колку му значеше мајката“, изјавил анонимен извор близок на кралското семејство.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност