Mеѓународен саем во Тирана, прв пат заеднички настап на фирмите од регионот
– Претседателот на Стопанската комора на С. Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески, заедно со потпретседателката на Комората Елена Милевска Штрбевска учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штанд во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан.
Како што информираат од Комората, во состав на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим Ентерпрајс“ и „Биомарел Шитаке“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации, ги презентирале своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан.
Во присуство на амбасадорот на РС Македонија во Тирана Данчо Марковски, Азески остварил разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот.
-По паузата минатата година, Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на ЗБ6 да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји, велат од Стопанската комора на С. Македонија.
Во текот на денешниот ден Азески заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи во Тирана ќе оствари дополнителни деловни средби.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација