Мекалистер: ЕУ посветена на проширувањето, посебно на Западен Балкан
Известителот на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европска унија и покрај внатрешните и надворешни предизвици, останува посветена на проширувањето посебно на сите шест држави од Западен Балкан.
– Британскиот референдум е прашање со кое ЕУ првпат се соочува, но и покрај внатрешните предизвици ние испраќаме јасна порака дека ЕУ останува посветена на нашата политика за проширување, особено кога станува збор за сите шест држави од Западен Балкан, изјави Мекалистер на заедничка прес-конференција во Белград со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Мекалистер ја поздрави одлуката за отворање две важни поглавја за Србија во процесот на придржување кон ЕУ.
Поглавијата 23, што се однесува на владеење на правото и 24 - правда, слобода и безбедност, беа отворени на 4. јули.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи