Балкан
25. May 2018 - 8:37

Мекалистер: Оваа година е клучна за Западниот Балкан

Оваа 2018 е клучна година за Западниот Балкан, бидејќи регионот повторно е во фокусот на ЕУ, со можност својата европска перспектива ја преточи во реалност, изјави синоќа во Белград известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер на заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

- Србија мора ова да го искористи и сигурен сум дека ќе го искористи овој нов потик, но потребен е понатамошен политички напор за да се спроведат реформите во областа на владеењето на правото и во областа на правосудството, потенцираше Мекалистер,

Тој нагласи дека владеењето на правото и реформите во правосудството, покрај решавањето на проблемот со Косово, се клучни во преговорите на Србија за членство во ЕУ. 

Мекалистер, кој претходно се сретна и со српската премиерка Ана Брнабиќ, ја нагласи важноста од продолжување на реформите во Србија, особено во делот од преговорите за членство по поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото и реформите во правосудството, како и на прашањата поврзано со човековите права и слободи.

Од друга старна. Вучиќ на прес-конференцијата истакна дека е вистина оти Србија има „многу да сработи во областа на владеењето на правото“, додавајќи дека „е покренато значајното прашање за незадовослтвото на јавноста од медиумските слободи“.

Но, Вучиќ најмногу внимание посвети на косовското прашање како клучен проблем за ЕУ интеграциите на Србија, констатирајќи дека треба да се разговара со Приштина за компромисно решение и без да се бараат причина за стратешки прекин на дијалогот.

Ѕој нагалси дека без разлика на критиките од јавноста, ќе даде се од себе без разлика за неговата кариера, да ги убеди оние 80 проценти од граѓаните кои според истражувањата сметаат дека треба да го се задржи замрзнатиот конфликт, дека стабилноста е поважна од многу други работи.

- Одлука нема да донесем на штета на нашиот народ, изјави Вучиќ.

Мекалистер пак посочи дека пленарната сесија на ЕП на која ќе се разгледува неговиот извештај за напредокот на Србија ќе се одржи на 3 септември.

Како што претходно соопшти кабинетот на Брнабиќ, на нејзината средба со Мекалистер, тој укажал дека и регионалната соработка и зајакнувањето на односите со соседите, како и продолжување на политиката на помирување, е надворешно-политички приоритет кои Србија треба да ги продолжи, истакнувајќи дека продолжувањето на дијалогот со Приштина е клучно за стабилноста на регионот.