Живот
28. January 2020 - 11:43

МекГрејди открива: Коби велеше „Сакам да умрам млад, за да бидам овековечен“

Трејси МекГрејди, поранешен кошаркар, откри на кој начин Коби Брајант размислувал на почетокот на кариерата.

-Знам дека звучи лудо, но Коби го велеше ова… Постојано зборуваше: „Сакам да умрам млад за да бидам овековечен.“ Мислев дека е луд, но тој тоа го викаше. Сакаше да оствари кариера да биде подобар од Мајкл Џордан и да умре млад. Беше лудо тоа што го зборуваше, изјави МекГрејди.

МекГрејди објасни дека ваквиот став Коби го имал пред да ги добие децата со сопругата Ванеса, по што ставот го променил.

Коби Брајант (41) загина по пад на хеликоптер во Калифорнија, заедно со својата ќерка Џиана (13) и уште седум лица.