Свет
18. October 2016 - 9:27

Мелани Трамп застана во одбрана сопругот околу непристојните коментари за жените

Сопруга на републиканскиот кандидат за американски претседателски Доналд Трамп, Мелани, изјави дека неговите непристојни коментари за жените снимени на видео лента се неприфатливи, но дека тие „не го прикажуваат нејзниниот сопруг онаков каков што таа го познава“.

Во интервју за Си-Ен-Ен, поранешниот фотомодел по потекло од Словенија, вели дека Доналд Трамп е „виновен за детинестиот разговор“ и за самофалбите за врски со жените.

Таа ,сепак, наоѓа оправдување за таквото однесување на сопругот, обвинувајќи го за тоа телевизискиот водител Били Буш, за кого тврди дека го „навел да биде непристоен“.

Монологот на Трамп за жените и за тоа како тој лесно ги освојува и што може да прави со нив, бил воден во едно интервју во шоу програма на Буш во 2005 година на телевизијаата Ен-Би-Си.

Во разговорот водителот Буш ја „отворил темата“, фалејќи се дека „може да ја има секоја жена“, затоа што е телевизиска ѕвезда, па Меланија Трамп затоа смета дека нејзиниот сопруг бил „наместен“, тврдејќи дека никогаш досега откако се 11 години во брак, не се однесувал неумесно.

- Во снимките што се појавија, тоа што тој го зборува едноставно не му доликува и јас сум изненадена од таквото негово однесување, вели Меланија Трамп за Си-Ен-Ен.

Иако се согласува дека коментарите за жените се неприфатливи, таа објасни дека го прифатила неговото извинување.

Ваквите изјави еден нивниот претседателски кандидат, иако се стари 11 години, предизвикаа гневна реакција на повеќе членови на Републиканската партија.

Десетина угледни републикански функционери, јавно ја повлекоа својата поддршката за Трамп на претседателските избори, што досега му ја даваа на кандидатот на нивната партија.

Незадоволството уште повеќе се зголеми, откако неколку жени го обвинија милијардерот од Њујорк дека извршил сексуално насилство врз нив, што тој веднаш го демантираше.