Македонија
31. January 2019 - 9:29

Меморандум за поквалитетни водни услуги

Меморандум за разбирање ќе потпишат денеска претставници на Здружението на јавни комунални претпријатија (АДКОМ), Регулаторната комисија за енергетика на РМ и на проектот „Регионална мрежа за јакнење на капацитетите во секторот водни услуги“.

Проектот го спроведува друштвото ГИЗ, со финансии од владите на Швајцарија и Германија.

Целта на меморандумот е да обезбеди основа за продолжување на заедничките напори на партнерите за зголемување на ефикасноста и квалитетот на водните услуги во Македонија.  Тоа ќе се прави преку координација, редовна размена на информации, како и усогласување на заеднички систематизирани ставови за подобрување на условите за работа на давателите на водни услуги.