Мерка за општинско-корисна работа, 446 лица ќе даваат социјални услуги за граѓаните
Во следните шест месеци 466 долгорочно невработени лица ќе бидат ангажирани да даваат социјални услуги за граѓаните во 39 општини, преку Програмата „Општинско-корисна работа“ дел од владиниот ревидиран оперативен план за вработување за 2017 година.
Најчести услуги кои ќе ги даваат овие лица, за што посетувале и соодветни обуки, се грижа и поддршка на стари лица во домашни услови, поддршка на лица со пречки, но годинава за прв пат се вклучуваат и образовни асистенти или лица кои им помагаат на лицата со пречки во образовниот процес.
- Со општествено корисна работа се постигнуваат две цели, од една страна се поттикнува вработување долгорочно невработени лица, а од друга страна се започнуваат одредени социјални сервиси на локално ниво кои општините ги идентификувале како потребни за граѓаните, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Информира дека за оваа мерка се издвојуваат повеќе од 20 милиони денари од Буџетот на РМ, а дополнителни средства има обезбедено УНДП. Преку неа ќе се ангажираат 466 граѓани во 39 селектирани општини, а годинава има нови 4 општини. Ангажираните лица ќе даваат 102 социјални услуги ќе се спроведуваат со мерката.
Министерката истакна дека вклучувањето образовни асистенти или лица кои им помагаат на лицата со пречки во образовниот процес, услуги, што, како што рече, користат 140 лица во 18 општини, но и давањето социјални услуги општините ќе го препознаат како корисно и оти ќе продолжат да го развиваат и по истекот на спроведувањето на оваа мерка.
Лујза Винтон од УНДП го дели ставот на министерката дека се постигнуваат две цели со оваа мерка, едната да се вработат долгорочно невработени лица, а другата да се обезбедат и услуги кои се потребни за лицата од маргинализираните групи.
Дополнително, рече, со мерката се промовира и родова еднаквост, бидејќи од 75 до 80 проценти од лицата ангажирани во оваа мерка се жени, но и дека со социјалните услуги ќе се олесни работата на жените во домот која како што рече, во најголем дела паѓа на нивен грб, како што е грижата за домот децата, старите лица или за лицата со попреченост...
Со мерката, планирано е да бидат опфатени, односно потребните социјални услуги да ги добијат околу 8.000 лица во овие 39 општини.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација