Свет
18. јуни 2021 - 9:56

Меркел и Макрон на состанок во Берлин за европската политика и за пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговараат на работна вечера во Берлин за пандемијата на коронавирусот, економското закрепнување, мигрантите и односите со Турција и со Русија.

Макрон ќе биде првиот странски службеник што го посети Берлин од почетокот на годинава поради здравствената криза.

Како што е најавено и од Берлин и од Париз, прашањата за европската политика ќе бидат разгледани пред состанокот на Европскиот совет закажан за 24 и 25 јуни.