Меркел исвиркана при нејзината посета на бегалскиот центар во Хајденау
Германската канцеларка Ангела Меркел беше исвиркана и нарекувана предавничка од демонстранти, при нејзината посета на бегалскиот центар во градот Хајденау, провинција Саксонија.
Протестот пред бегалскиот камп во Хајденау беа органзиирани од ултрадесничарските групи.
Кога Меркел пристигна околу 150 демонстранти почнаа да скандираат „Предавничка“ и „Ние сме глутница“, бидејќи член на Владата така ја нарече крајната десница во Хајденау. Протестите за време на викендот во Хајденау прераснаа во судири со полицијата.
- Германија нема да дозволи никаква толеранција кон агресијата на ултрадесничарските групи. Нема да има никаква толеранциј кон оние, кои го поставуваат под знак прашалник достоинството на другите, посочи Меркел, додавајќи оти нападите врз бегалците се срамни.
Во исто време германскиот претседател Јоахим Гаук го посети Центарот за прием на кандидати за азил во берлинскиот кварт Вилмерсдорф.
Гаук ги пофали студентите, лекарите и доброволците кои им помагаат на мигрантите во цела Германија, а ги осуди ултрадесничарските екстремисти, кои и наштетуваат на имиџот на земјата.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители