Меркел ја почнува турнејата низ Африка
Германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува денеска тридневната турнеја низ Африка.
Таа ќе ги посети Мали, Нигер и Етиопија. Посетата има цел да се потенцира неопходноста од економската стабилност во регионот, за да се намали проток на мигранти кон Европа.
Меркел неспоредно пред посетата нагласи дека е потребно да бидат подобрени условите за приватни инвестиции во Африка, а исто така оти се потребни и повеќе средства за проекти во Африка на Светската програма за храна на Обединетите нации.
Меркел повика за подобрување на условите за приватни инвестиции во африканските земји, со цел да се искоренат економските причини за миграцијата.
- Само државната поддршка нема да биде доволна за да даде поттик за развојот на еден цел континент, изјави Меркел.
Планирано е Африка да има централна улога за време на германското претседателство на Г-20 во 2017 година
Во Германија минатата година пристигнале 890 илјади мигранти, при што многу од нив избегале од воени конфликти во Сирија и Авганистан, но и од економските потешкотии со кои се соочуваат во Африка.
Ново на Сител
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете