Свет
20. јуни 2017 - 16:06

Меркел подготвена да разговара за реформи на еврозоната

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази денеска подготвеност да разговара за идеите поврзани за реформа на еврозоната што ги предложи францускиот претсеател Емануел Макрон.

– Европската кохезија меѓу државите од еврозоната не е задоволителна, рече конзервативната канцеларка на собир на индустријалци во Белрин. 

Таа доадде дека може да се размислува за „заеднички министер за финансии“ или за буџет на еврозоната доколку бидат исполнети основните услови.

Меркел им рече на бизнис лидерите дека нема да се откаже од договорот за слобдона трговија меѓу САД и Европа.