Македонија
20. May 2020 - 16:48

Мерко до критичарите за дивоградбите: Баш ме брига

Наместо да сe руши на струшкото крајбрежје ќе се доградува тврди градоначалникот Рамиз Мерко.Тој останува на ставот дека во Струга нема ниту една дивоградба во заштитеното подрачје според списокот евидентрани биле 262 нелегални градби меѓутоа во селските средини ,додека од охридската страна на езерото вели дека има стотици дивоизградени објекти.

Во однос пак на барањето на Антикорупциската комисија Владата да ги урне дивоградбите во охридско струшкиот регион бидејќи не веруваат дека општините можат самите да го сторат тоа Мерко вели дека тие како локална ингеренциите им ги понудиле но им било посочено дека нема закон за нивно одземање.

И додека струшкиот градоначалник очекува успешна сезона ова лето со доградено и уредено крајбрежје невладините постојано алармираат за децениско толерирање на дивоградбите па дури и во време на пандемија велат дека се градат нови објекти долж охридското езеро од Радожда па се до Свети Наум и бараат надлежните да излезат на терен и да ги санкционираат сторителите .