Македонија
19. September 2020 - 16:37

Месец посветен на подигнување на свеста за детските малигнитети

21 годишната Теодора Трајковска е девојка која пред 10 години успеала да го победи ракот. Иако денес со полни гради го живее животот, детството ни најмалку не и било лесно. 9 месеци не одела на училиште бидејќи примала терапија. Тој период бил тежок и за нејзите родители. Поучена од своето искуство, денес Теодора им помага на болните дечиња, полесно да го победат ракот.

Во моментов на Клиниката за детски болести од карцином се лекуваат триесетина дечиња. Директорката на оваа установа вели дека 80 проценти од пациентите успеваат да го победат ракот. Апелира родителите на време да реагираат за здравјето на своите деца.

Под мотото „ Убаво е да си херој“, а  во чест на децата кои се лекуваат од рак од скопскиот плоштад беа пуштени петстотини златни балони. 

Септември е месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети.