Балкан
22. April 2016 - 11:50

Месиќ најавува активно враќање во политиката

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ најави дека се враќа во политиката.

– Јас се чував во изминатите шест години да не се занимавам со актуелна политика, но бидејќи ме тераат во актуелна политика, тоа нема да биде ангажирање за место – градоначалник на Загреб туку вистинско ангажирање, изјави Месиќ за телевизијата Н1.

Тој додаде дека сега ќе влезе во политиката бидејќи тврди оти многу сили го посакуваат тоа. Со доаѓањето на новите власти, на Месиќ драстично му е намален буџетот за одржување на Канцеларијата на поранешен претседател.