Мета: Договор меѓу Белград и Приштина би ја зајакнал регионалната стабилност
Албанскиот претседател Илир Мета се надева дека Белград и Приштина ќе постигнат договор на „добар и одржлив начин“, кој би придионел за зајакнување на регионалната стабилност.
– Се надеваме дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се имплементира и дека ќе биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина на добар и одржлив начин. Балкансот страдаше со години и на тоа треба да се стави крај. Само мирен и просперитетен регион може да им донесе иднина на младите, изјави Мета за белградскиот весник „Данас“.
Мета вели дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи иако Тирана не е дел од тој процес, сепак нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, ќе им помогне и на Србија и Албанија „да живеат на нормален начин, без стрес и незибвесност“.
– Мислам дека договор меѓу Белград и Приштина би ја зајакнал регионалната стабилност и би му донел олеснување на регионот, нагласува Мета.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми