Loading Video...
Ракомет
28. July 2020 - 17:55

Металург и Бутел ги дознаа противниците за Европската лига

Екипите на Металург и Бутел Скопје ги дознаа своите противници во квалификациската рунда за ракометната Европска лига. 
 
На денешната ждрепка во Европската ракометна федерација беа извлечени двојките за првото коло во квалификациите за Европската лига или поранешниот ЕХФ куп. 
 
Македонските претставници Металург и Бутел Скопје кои го имаа статусот на носители за противници добија екипи од Хрватска и Унгарија. 
 
Тимот од Автокоманда за противник ќе ја има хрватска екипа Спачва од Винковци со која првиот натпревар металурзите треба да го одиграат на домашен терен. 
 
Затоа пат екипата на Бутел Скопје првиот меч ќе го игра во Унгарија каде за противник ќе го има составот на Ѓунѓеш.
 
Според календарот, натпреварите од првото квалификациско коло во Европската лига треба да се играат на 29 и 30 август, додека реванш дуелите на програмата се седум дена подоцна односно на 5 и 6 септември.
 
Потсетување дека Еурофарм Пелистер кој не доби вајлд-карта за Лигата на шампионите, во второто по квалитет европско клупско натпреварување Европската лига битолскиот клуб има обезбедено директно место во групната фаза.