Спорт плус
24. јуни 2018 - 16:58

МИ: Јакупи освои прв златен медал за Македонија

Одличен настап на македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Јакупи  го освои златниот медал со триумф во финалето над францускиот каратист Жеси да Коста. Претходно беше совладан претставникот  на  БиХ, Мерис Муховиќ. во второто коло  Италијанецот Микеле Мартина,  и во полуфиналето д србинот Дејан Цвркота.

Одличен настап на Берат Јакупи и најава за одлични резултати на стипендистот  на Македонскиот олимписки комитет во однос на претстојните Олимписки игри Токио 2020.