Македонија
19. August 2020 - 16:56

Мицкоски: Добивме Влада без кредибилитет и европска иднина

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека коалицијата СДСМ-ДУИ нема кредибилитет а ќе има и пократок мандат од претходниот. Во статусот на фејсбук, Мицкоски пишува дека договорот Заев Ахмети е договор за продолжување на лагите и корупцијата.

„Добивме влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат“, пишува Мицкоски.

И коалицијата Села – Гаши смета дека кратко ќе трае новата влада на СДСМ и ДУИ. Велат дека Ахмети ги излажал гласачите за премиер албанец си што ДУИ го изгубила легитимитетот да ги претставува албанците.

„Првиот ден да се каже дека е формирана влада и нема премиер Албанец, туку веќе умира легитимитетот. Затоа сме убедени дека оваа Влада без ваков легитимитет не може да живее долго. Сите ќе видите дека траењето на оваа влада ќе биде многу кратко“, вели Африм Гаши, Претседател на Алтернатива.

Зијадин Села не откри дали 12-те пратеници на Алијанса и Алтернатива ќе гласаат за избор на собраниски спикер.

„Таа можност сега ќе му ја оставам на господинот Ахмети. Бидејќи Јас го имам гласано кога беше најтешко да се гласа, а еве сега Ахмети не гледам дека ќе има некој проблем, може слободно да дојде да го гласа бидејќи не постои никаков ризик за него“, вели Села.

За ДУИ коалцијата Села/Гаши е деструктивна опозција која како што велат од партијата се обидува да избегне пораз.

„Ќе продолжите да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја. Ве поканивме да ни се придружите, не за да не поддржувате туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивтеалбанската тркалезна маса“, велат до ДУИ.

Од партијата додаваат дека ќе работат за да има достоинствена опозција а не сериски губитници.