Македонија
25. February 2020 - 13:28

Мицкоски: Ги повикувам сите да се приклучат на денешниот протест за правда

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот за правда, што го организира партијата. 
 
Христијан Мицкоски очекува поддршка од сите политички партии, како и од политички неопределените граѓани, кои во минатото гласно збореле дека е потребен ветинг и правичност во судството.
 
Маршот ке започне во 18 часот од пред Обвинителството на Кејот на Вардар, а ќе заврши пред Врховниот Суд.
 
Мирјана Јовеска