Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои протестираат
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието.
Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата, за МИА изјави дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција, бидејќи, како што смета, би било подобро партијата да бдие внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки.
Олумчев рече дека разговарале и за референдумот за кој Мицкоски во медиумите дал изјава дека ќе гласа против, а од Здружението му посочиле дека треба да се спречи тој референдум со образложение дека името на Македонија не е добиено на гласање туку тоа се пренесувало од дедовци и прадедовци со векови.
Претседателот на здружението Олумчев рече дека ќе продолжат со секојдневни протести се до исполнување на нивните барања меѓу кои е и заштита на името на Република Македонија и заштита на македонскиот идентитетсе.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар