Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ
Денес (21 јануари 2021 година) претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Александар Николоски во Загреб оствари средба со премиерот на Република Хрватска г-дин Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, г-дин Гордан Грлиќ Радман.
На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев која не може да испорача резултати.
Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите, истакна Мицкоски кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.
Мицкоски се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со ова ја заокружува дипломатската регионална посета каде за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска г-дин Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија г. Јанез Јанша, и премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка