Мицкоски: Нема да кукаме колку е лоша состојбата, ќе ги засукаме ракавите и ќе работиме
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на денешната прес-конференција на новинарско прашање кои им се следни чекори после седницата на која се гласаше доверба на владата одговори дека нема да се спуштаат на ниво на кое што се спушти владата туку ќе работат во интерес на граѓаните.
-Многумина очекуваат на ваква мафијашка акција од власта да следи и слична реакција. Но, ние тоа нема да го направиме. Нема да се спуштиме на тоа ниво на кое за жал тие ја деградираа позицијата пратеник и го нарушија угледот на институцијата Собрание. Напротив, ние ќе работиме само во интересот на граѓаните, да ја вратиме довербата на граѓаните во политичарите, да не мислат дека сите сме исти, нашата крајна цел е промена на оваа корумпирана влада. Ако некој е полициско душкало кое манипулира со чувствата на народот, тоа нема да го види, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и така ке продолжи да делува. Ова е само почеток, продолжуваме со реалзизација на ветеното, мотото е дека на политичарите местото не им е во дебелите кожени фотељи туку меѓу народот. Нема да кукаме колку е лоша состојбата, знаеме дека е лоша, да ги засукаме ракавите и да работиме, ако било лесно немало да бидеме ние, ќе биле некои други, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор