Македонија
4. January 2020 - 16:57

Мицкоски очекува министрите од неговата партија да ги разоткријат сите незаконски дејствија

Постојат индиции дека во послендите денови од мандатот на екс премиерот Заев брутално се кршени законите и се правени злоупотреби. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ очекува дека министерите од неговата партија ќе ги објават ваквите дејствија. Очекува и дека напорно ќе работат, во рамки на законите за да направат нешто во корист на граѓаните.

Министрите од редовите на ВМРО ДПМНЕ не ја користат продавката во новото име, вели Мицковски и затоа смета дека нема лицемерие во однесувањето на партијата. Тоа што се заколнаа под новото име според него е прв чекор кон поразување на оваа реалност.

Мицковски денека ги коментираше економските параметри и рече дека земјава оди кон бездна. Даночните приходи собрани лани се пониски за околу 5% од планираното.  БДП во време на претхдната Влада бил два и пол поголем од сега. СДИ во 2019 биле за 186 милиони евра пониски од 2018 и најниски во регионот. Мицковски консттаира дека лани се намалувало и индустриското производтсво и бројот на работници во индустријата.