Мицкоски: Пендаровски потпиша се што стопанот му кажа, добро е што ги потпиша и законите за помош
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во реакција по потпишувањето на указите за законите што вчера беа изгласани во Собранието вели дека претседателот на државата Стево Пендаровски потпишал, како што наведува во објава на Фејсбук, се што му наредил стопанот.
-Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша се што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен. Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовде Македонија во подредена положба заедно со стопанот. Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен денес не партијата на власт туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија. Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да…, одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!, стои во објавата на Мицкоски.
Во дополнување на објавата тој наведува дека е добро што Пендаровски барем ги потпишал законите за помошта на граѓаните и стопанството, а не само тие од 32. седница.
Мицкоски претходно најави дека пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои, како што наведе, вчера го прекршија законот, и го повика претседателот на државата да застане зад правото и Уставот. Од Кабинетот на претседателот на државата пак порачаа дека граѓаните најдобро покажале што мислат за достоинството на претседателот на изборите пред две години.
– Освен тоа, нашите граѓани знаат дека претседателот Пендаровски секогаш имал став за најважните прашања и проблеми со кои тие се соочуваат, дури и за работи кои не се во негова директна надлежност, а се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го и повторно реактуелизираното прашање за промена на границите на Балканот. За жал, некои други, меѓу кои и Мицкоски „не бекнаа” за овие екстремни и многу опасни предлози, потенцираа од Кабиентот на шефот на државата
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.