Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор, оставаме простор да продолжат преговорите
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници, но остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно средбата.
– Ги констатиравме позициите од двете страни, за жал, не успеавме да најдеме решение и доколку постои опција за натамошни средби оставеме простор во иднина да продолжат преговорите, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Според Мицкоски, Заев дошол со намера да не се постигне успех на разговорите затоа што, како што вели, се видело дека има не план Б, туку план Ц, со префрлањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство. Со тоа, смета Мицкоски, Заев си купил мир, но во иднина ќе има одговорност.
Барањето на Заев, како што рече, за амнестија за сите довело до тоа вчера да не успеат преговорите затоа што не прифатил новото обвинителство што го предлага власта да се занимава со корупција со сите предмети без оглед на времето на предметот и извршителот.
– Заев предложи формирање обвинителство за висока корупција на исто ниво како обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителот да го предложи најголемата опозициска партија, и овие десетмина помошници на помошниците на Јанева заедно со случаите од СЈО да бидат инкорпорирани во рамките на новото обвинителство, без притоа да се почитува Законот за обвинители коишто треба практично Советот за обвинители да предложи кои обвинители треба да работат таму, рече Мицкоски, дополнувајќи дека имало начелен предлог договорен на 30 август што тогаш СДСМ го прифатиле, а другиот ден измислувајќи небулози и бесмислици го растурија преговарачкиот процес.е
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка