Македонија
13. February 2019 - 8:38

Мицкоски: СДСМ бега од избори

 Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на својата Фејсбук страница реагираше на одлуката на СДСМ да нема вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, истакнувајќи дека премиерот Зоран Заев и СДСМ бегаат од избори во страв да се соочат со волјата на народот.

-СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, напиша Мицкоски