Македонија
10. January 2019 - 19:10

Мицкоски се обрати на протестите – ќе стори се договорот од Преспа да не помине

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара масовно обединување за да ја победи власта која според него, тргува со државата,името и идентитетот. Мицковски го обвини Заев дека се служи со притисоци со цел промена на името.

- Договорот е штетен и јас нема сега како него да ви ветувам се и сешто, но можам да ви ветам дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе сториме се за овој договор што е во наша моќ да не се случи и неправдата да биде исправена. Тоа ќе биде моја заложба и јас ова прашање ќе го отворам во секоја прилика, во секоја можност, при секоја моја средба. Дали ќе успеам не знам и не можам да ветам ништо, но ви ветувам дека ќе сторам се за да успеам заедно со вас тоа што некој сега бесрамно го продава да си го вратиме назад, рече Мицковски

Мицковски, пратениците од независната група ги сожалува бидејќи се обични слуги на Заев. За барањата на БЕСА, рече дека се отвора пандорината кутија со етнички барања на Албанците.

- „Гледаме сега проблеми има па тргува ли тргува, се пенави и препелка секој ден. И нека не се затскрива зад европските институции и за уште една вештачка поделба која ја наметнуваат за тоа кој бил за Европа, а кој не, кој е Европјанин, а кој не. Не се докажува тоа преку промена на името и идентитетот, туку преку работа и заштита на државните интереси.“

Премиерот Заев одлуката на Мицковски да го бојкотира процесот и да излезе на протести,  го оцени како штетен за целата држава.

Граѓаните и утре ќе излезат на протест пред Собранието со почеток од седницата за уставни измени.