Македонија
29. April 2022 - 16:33

Мицкоски со повик до граѓаните да ги чекаат следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски не открива кои ќе бидат следните чекори кои ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ откако вчера Премиерот Ковачевски експресно ја одби неговата понуда за јавна средба на која би се разговарало за предвремени парламентарни избори.

Мицкоски и денеска од Штип рече дека обеднинувањето околу политиките на неговата партија ќе биде многу важно за следните парламентарни избори.

По вчерашниот став на лидерот на СДСМ дека предвремени избори нема да има, денеска речи си идентична порака и ДУИ. Оваа влада планира да остане на власт уште најмалку 2 години.

Опозицискиот лидер Мицкоски бара предвремени избори уште од крајот на локалните во октомври минатата година. Сите негови барања власта редовно ги одбива.