Мицкоски: Владата излажа за ветувањата за енергетика - СДСМ: Мицкоски лажеше додека директоруваше и советуваше
СДСМ успеа да реализира само два проценти од енергетските проекти кој им ги презентираше на граѓаните пред да дојде на власт , обвини лидерот на опозицијата Мицковски. Посочи дека владеачката партија иако ветуваше не успеа го донесе гасот до секое домаќинство, да го зголеми домашното производстсво на струја , особено од обновливи извори, да воведе еколошки стандарди во термоцентралите. Не успеа ниту да го реалзира проектот Чебрен и Галиште на Црна река.
На обвинувањата од опозицијата реагираа и од СДСМ. Велат дека токму Мицкоски бил тој кој во времето на неговото директување и советување ги лажел граѓаните.
Мицкоски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 % на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.
Денес, непрекинато, Охридско-Струшкиот, Дебарскиот и Реканскиот регион имаат струја за Нова година и Божиќ, за разлика од времето на Мицкоски и Груевски.
Додека Мицкоски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните.
Ова е само дел од криминалните дела и лаги на Мицкоски кој на грбот на граѓаните безмилосно заработуваше, се вели во рекацијата од партијата.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар