Македонија
26. November 2021 - 16:39

Мицкоски: Заминување на Заев не значи и заминување на заевизмот

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ  е скептичен дека заминувањето на Заев од лидерската функција, ќе донесе промени во партијата. Во исчекување на вечерниот состанок на СДСМ на кој треба да се одлучува за оставката на Заев од претседателската функција, Мицкоски вели дека на партијата и се потребни суштински промени, но нема да коментира нивни одлуки и состаноци затоа што тоа било нивна работа.

Дали очекува Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство, со оглед на фактот дека партијата беше дел од опозицискиот блок за гласање недоверба на владата, Мицкоски не коментираше. Немал средба со Гаши, но очекува партијата вечерва да донесе одлука.

Мицкоски се осврна и на промената на раководството во РЕК Битола, посочувајќи дека на термоелектраната и е потребен поинаков кадар, поради сложеноста и функциите на работното место.

Инаку Мицкоски заедно со градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцински, беа во посета на училиштето Александар Македонски во Лисиче, Муцински рече дека со поставување  фотоволтаици во сите 8 училишта на територијата на општината и дел од градинките ќе се зголеми енергетската ефикаснот.